октомври 17, 2023

Проект „Зелена инклузивност“ – Креативна работилница

Во рамки на проектот „Зелена инклузивност“ на Општинска организација Центар, кој е поддржан од Фондот за развој и проекти на Црвен крст на РСМ, волонтери од Клубот на млади реализираа креативна работилница со учениците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје.

Работилницата се одржа на ден 16.10.2023 година во 10 часот, додека наставничкиот кадар учествуваше на дисеминациска сесија за Црвен крст.

За време на работилницата, учениците изработуваа дрвја од разни материјали, а работилницата имаше за цел да ја развие креативноста на учениците и да ја побуди свесноста за зачувувањето на животната средина.

 

< врати се назад