
Проект „Зелена инклузивност“ – втор циклус обуки
Во рамки на проектот „Зелена инклузивност“ на Општинска организација Центар, поддржан од Фондот за развој и проекти на ЦКРСМ, се реализираа 3 обуки со ученици од ДСУ „Св. Наум Охридски“, од страна на проф. д-р Диана Бошковска, проф. д-р Наташа Данилоска и проф. д-р Татјана Петковска Мирчевска.
На ден 10.11.2023 година се реализираа трите обуки во три смерови за 26 ученици, односно:
👉 Комуникациски вештини во текстилна струка за 9 ученици
👉 Тимска работа во графичка струка за 10 ученици
👉 „Зелени“ вештини во угостителско-туристичка струка за 7 ученици.
Обуката за Комуникациски вештини овозможува подобрување на способностите на учениците и зголемување на нивните капацитети, преку стекнување со вештини за вербална и невербална комуникација и препознавање емоции.
Обуката за Тимска работа овозможува учесниците да научат како да функционираат во тим и како да ја следат динамиката на тимот и ефикасноста на работата во група.
Обуката за „Зелени“ вештини им помага на учениците да стекнат специјализирани вештини во насока на заштита на човековата околина и има за цел да се подигне нивото на свесност за потребата од нејзина заштита.
Овие обуки се реализираат во три циклуси, што би значело дека учениците од трите струки ќе се стекнат со вештини кои се опфатени во обуките.