март 11, 2021

Промоција на хигиена и контрола и превенција од КОВИД19

Во рамките на проектот “Промоција на хигиена и контрола и превенција од КОВИД19”, поддржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, во период од 9-ти до 11-ти март 2021, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе 3 online едукации во ООУ “Кирил и Методиј”. Едукациите беа реализирани од страна на претходно обучен едукатор и истите беа наменети за сите ученици од осмо и деветто одделение. Учество земаа 66 учесници на кои им се допадна едукацијата и се изјаснија дека научиле многу нови нешта.

 

< врати се назад