
мај 15, 2023
Промоција на хигиена во градинки
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар, по повод Недела на хигиенизација 8-15 април започна со реализација на проект на тема „Промоција на хигиена“ преку едукативни работилници во градинките на територија на општина Центар. Целна група на едукациите се децата од голема група.
Во рамки на проектот, како тема, се опфати Промоцијата на хигиена или, поконкретно, темите одржување лична и орална хигиена, хигиена во домот, градинката и околината, како и хигиена на храната.
Едукациите ги реализираа обучени врснички едукатори на темата, кои се волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар: Марко Тодоровски, Анастасија Горенчева, Исра Асани, Ангела Илиевска и Стефанија Ангеловска.
Вкупно 16 едукации беа реализирани во сите градинки во периодот од 10ти април до 9ти мај 2023 година.




