
Промоција на книгата “Образ во огледало”
Повторно во знакот на 80-годишниот јубилеј на Црвениот крст на РСМ, а со цел организирање на настан кој ќе го одбележи летниот период, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар во КСП *Јадро* организираше културно – хуманитарен настан, промоција на Книгата *Образ во огледало* чиј автор е Никола Дукоски – психолог, Гешталт психотерапевт и волонтер во нашата Општинска организација.
Со оваа промоција направен беше спој на поезијата, мудруста и хуманоста. Присуството на нашите долгогодишни соработници од Здружението на пензионери на Општина Центар и крводарителите кои со импозантни бројки на дарувана крв покажаа што значи хуманост, беа посебно удостоени на овој настан. Генералниот Секретар на Црвен крст на РСМ, Саит Саити им ги додели признанијата за 100, 75 и 50 пати, истакнувајќи ја нашата благодарност за нивната несебичност и човечност.
„Хуманоста не се мери со тоа колку имаш, туку колку си подготвен да дадеш од срце.“














