Прошетка со туристичко вовче
Општинската организација на Црвен крст Прилеп во рамките на проектот ,,Приказна за мене’’ кој е поддржан од Комерцијална банка на 30-ти Јуни реализираше панорамско разгледување на градот со туристичкото вовче во кое учествуваа 9 деца од згрижувачките семејства како и 3 згрижувачи придружени од 8 волонтери на општинската организација на Црвен крст Прилеп.
Панорамското разгледување на градот беше комбинирано со посета на Паркот на Револуцијата и мини зоолошката градина која се наоѓа во истиот. Децата беа среќни и задоволни при оваа посета со што имаа можност да ги разгледаат животните кои се наоѓаа во мини зоолошката градина и уживаа во свежиот воздух и малата закуска. На оваа активност беше присутна претставничката на Комерцијална банка- филијала Прилеп која се дружеше со децата и ја мониторираше активноста. Активностите со децата од згрижувачките семејства во нашиот град продолжуваат по летниот период, поточно од месец Септември каде што следат голем спектар на активности вклучувајќи ги и теренските посети на семејствата како и индивидуалната работа со децата.