јануари 20, 2021

Прва ЦКА-ПХВ работилница

Согласно моменталната ситуацијата во земјата, а со цел заштита на здравјето на волонтерите во организацијата, ЦКА-ПХВ програмата ќе биде изменета и прилагодена.
 
👉Преку новиот модел во 2021 година ќе се зајакнуваат капацитетите на волонтерите на ниво на целата држава.
 
⏰Почнувајќи од утре, 21 јануари 2021 година, еднаш неделно ќе се реализираат обуки за млади од сите ООЦК. И така, секој четврток со почеток во 18.00 часот, во времетраење од 70 минути ќе се реализираат работилниците од страна на искусните ЦКА-ПХВ инструктори.
 
👏Темите ќе бидат најразлични, почнувајќи од теми блиски на Црвен крст, преку предавања за тимска работа, вештини на презентирање, кариерни советувања, вештачка интелегенција, поддршка во заедницата, човечкиот импакт врз природата, историја на литература и многу други нешта.
 
👉Или преку бројки, месечно 4 работилници, 10 месеци=40 работилници на кои очекуваме од 6.000 – 8.000 младинци.
 
Линк за работилницата:
 
-Ако се вклучувате користејќи мобилен телефон, мора да ја имате претходно спуштено програмата Google Meet, ако се вклучувате преку компјутер – истото не е потребно.
Ве очекуваме 🙂
 
< врати се назад