февруари 16, 2023

Прва ЦКА-ПХВ работилница

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 15.02.2023 во периодот од 9 до 11.30 часот, ја спроведе првата работилница, од предвидените три, во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“.
Учесници на работилницата беа 30 младинци од 4 средни и 1 основно училиште од општина Центар.
Овогодинешна дисеминаторка е Марта Николова, која е волонтер во Црвениот крст веќе 8 години и таа ќе ги предводи и насочува младинците низ целиот ПХВ циклус.
Во рамки на првата работилница, младинците имаа можност да се запознаат со историјата, значењето и работата на Црвениот крст, што им овозможи подобро да ја запознаат организацијата и начинот на нејзино дејствување.
Месец февруари во рамки на ПХВ циклусот е предвиден за спроведување на трите обуки, а веќе од месец март, младинците ќе почнат со спроведување на активностите за реализација на малите проекти.
Добредојдовте во Црвен крст, драги младинци!
 
< врати се назад