ноември 14, 2013

Прва дисеминација за ПХВ програмата

Општинската организација на Црвен крст на 08.11.2013 година го започна новиот циклус на ПХВ програмата регрутирајќи идни волонтери кои ќе ги реализираат малите хуманитарни проекти во наредниот период. На првата дисеминација учесниците добија информации за Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечиина, компонентите на Движењето и се здобија со основни познавања кои ќе им користат во понатамошниот проектен циклус. 

На оваа дисеминација беа присутни ученици од училиштата кои што мотивирано и интерактивно учествуваа во истата. Оваа прва дисеминација беше спроведена од дисеминатор за ПХВ програма а учесниците во оваа програма ќе бидат помагани од волонтери кои ќе ја имаат улогата на ментори т.е ова се волонтери кои имаат учествувано во оваа програма и имаат релевантно искуство кое ќе им користи на новите генерации на учесници. Наредниот период ќе следи и ПХВ обуката која ќе биде спроведена од ПХВ инструктори кои на учесниците ќе им дадат пошироки знаења за документирањето и реализацијата на малите хуманитарни проекти.

 

< врати се назад