октомври 9, 2024

Прва помош за членовите на Здружение на пензионери на Општина Центар.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на старите лица – 1 Октомври, Општинска организација Центар на ден 04.10.2024 година организираше предавање по Прва помош за членовите на Здружение на пензионери на Општина Центар.

Присутните имаа можноист да стекнат знаења по Прва помош во однос на повреди и состојби во кои човековиот живот е во опасност и каде што правилниот пристап и брзото и навремено пружање на прва помош е пресудно во такви ситуации со цел спасување на човековиот живот. Предавањето беше од страна на доктор од Центарот за Прва помош при Црвен крст.

< врати се назад