Прва помош за згрижувачки семејства
По повод денот на згрижувачките семејства Општинската организација на Црвен крст Прилеп во рамките на проектот „Подобра социјализација кај децата со посебни потреби“ поддржан од Комерцијална банка организираше обука за прва помош на семејствата кои имаат згрижено лица со посебни потреби.
На оваа обука присуствуваа 10 претставници од згрижувачките семејства, од различна националност. Со завршувањето на обуката секој претставник од семејството се здобива со Сертификат за укажување на прва помош. Ваквиот вид на активност кој што е наменет за згрижувачите е од големо значење затоа што ова ќе им послужи како алатка за подобро совладување на предизвиците во работата со децата со посебни потреби. Општинската организација на Црвен крст Прилеп во континуитет ги реализира активностите од проектот ,,Подобра социјализација кај децата со посебни потреби” со цел подигање на свеста во опшеството за потребата од интеграција на оваа целна група во истото.