Првата помош – предизвик
На 23.10.2014 во просториите на Извидничкиот одред *Методија Митевски-Брицо* се одржа обука за прва помош за волонтерите од Клубот на Млади на ООЦК Центар, на која постарите членови го обновија нивното знаење, а новите членови се запознаа со основите на живото спасувачката вештина. Предавачи на обуката беа искусните волонтери на ООЦК Центар од областа на првата помош Виктор Петровски и Никола Соколов, кои нивното знаење, искуство и вештини им ги пренесоа на новите волонтери. Неработниот ден беше предизвик за волонтерите во голем број да се одзват на поканата да присуствуваат на обуката и заедно да поминат убав и конструктивен ден во осознавање на важноста на оваа дејност во Црвениот крст и дружба.
Голема благодарност до Извидничкиот одред *Методија Митевски-Брицо* за нивната голема желба за соработка, која се надеваме дека ќе продолжи и во иднина.