
февруари 7, 2024
Првата помош спасува живот – врснички едукации
Како дел од Кампањата по Прва помош – Првата помош спасува живот беа реализирани врснички едукации со учениците од Основното Општинско училиште Јохан Хајнрих Песталоци.
Едукациите се оддржаа на 06.02.2024 во Амфитеатарот на училиштето каде што имаа можност да присуствуваат ученици од петто, шесто, седмо и осмо одделение или вкупно 37 ученици.
За време на едукацијата се појасни терминологијата која се користи во Првата помош и нејзиното значење на истата.
Како за самиот крај на едукацијата учениците имаа можност да ги продлабочат своите знаењата со поставување прашања за како да реагираат во различни ситуации.
