ноември 15, 2021

Работилница на тема „Асертивна комуникација“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе работилница на тема „Асертивна комуникација“. Десет волонтери од Клубот на млади се вклучија на онлајн работилницата реализирана од страна на волонтерката Калиа Поповска, која е дипломиран психолог. За време на работилницата, која се одржа на ден 14.11.2021 година во периодот од 18 до 20 часот, волонтерите имаа можност, преку примери, да се запознаат со значењето на терминот “асертивна комуникација“ и што тоа претставува. Работилницата беше интерактивна, а се опфатија повеќе аспекти, поконкретно какви типови на комуникација постојат, што претставува активна, а што пасивна комуникација, како асертивната комуникација помага во градењето на меѓучовечки односи и што претставува и какво влијание има асертивниот говор на телото.

Волонтерите од Клубот на млади се изјаснија дека работилницата беше многу корисна и дека би сакале во иднина да ги продлабочат своите знаења во врска со темата.

< врати се назад