декември 14, 2010

Работилница “Реинтеграција и ресоцијализација на лицата кои користат дрога”

 

Во рамките на проектот “Одржување на ниска преваленца на ХИВ/СИДА во РМ“, финансиран од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, Општинската организација на Црвен крст–Прилеп организираше еднодневна работилница на тема: “Реинтеграција и ресоцијализација на лицата кои користат дрога”.
Активно учество на работилницата зедоа сите релевантни локални инстисуции од оваа проблематика.
Според агендата на работилницата после воведниот збор од страна на Стручниот соработник за здравство при ЦКРМ, свое излагање за Принципите и стратегиите на ХР Програмата а воедно и презентирање на работата на Центарот имаше координаторот на оваа Програма, додека доктор Јохан Ѓорѓиоски специјалист психијатар дискутираше на тема продолжен третман со рехабилитација на ЛКД во неуропсихијатриско одделение при Општа болница „Борка Талески” Прилеп. Главен акцент на работилницата даде Сократ Манчев менаџер на тераписката заедница Покров, која ни ја претстави преку неговото излагање, досегашно искуство и работата на ТЗ, а зборуваше и за релевантноста на ресоцијализацијата во квалитетна реинтеграција на ЛКД во рамките на своето социјално опкружување. Одржливоста на ваков тип на работилници каде може да се разменат искуства се оправда преку плодната дискусија на присутните посебно од страна на претставниците на целната група.

Во рамките на проектот “Одржување на ниска преваленца на ХИВ/СИДА во РМ“, финансиран од Глобалниот Фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија, Општинската организација на Црвен крст–Прилеп организираше еднодневна работилница на тема: “Реинтеграција и ресоцијализација на лицата кои користат дрога”.Активно учество на работилницата зедоа сите релевантни локални инстисуции од оваа проблематика.

Според агендата на работилницата после воведниот збор од страна на Стручниот соработник за здравство при ЦКРМ, свое излагање за Принципите и стратегиите на ХР Програмата а воедно и презентирање на работата на Центарот имаше координаторот на оваа Програма, додека доктор Јохан Ѓорѓиоски специјалист психијатар дискутираше на тема продолжен третман со рехабилитација на ЛКД во неуропсихијатриско одделение при Општа болница „Борка Талески” Прилеп. Главен акцент на работилницата даде Сократ Манчев менаџер на тераписката заедница Покров, која ни ја претстави преку неговото излагање, досегашно искуство и работата на ТЗ, а зборуваше и за релевантноста на ресоцијализацијата во квалитетна реинтеграција на ЛКД во рамките на своето социјално опкружување. Одржливоста на ваков тип на работилници каде може да се разменат искуства се оправда преку плодната дискусија на присутните посебно од страна на претставниците на целната група.

 

< врати се назад