
март 15, 2023
Работилница „Справување со стрес“ – проект Конекс Балкан
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со двајца волонтери од Центарот за ментално здравје на ЦКРСМ, обучени за психо-социјална поддршка, во рамки на проектот Конекс Балкан, спроведе работилница на тема „Справување со стрес“.
На работилницата, која се одржа на 14.03.2023 во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ со почеток во 19 часот, учество земаа 20 волонтери од Клубот на млади на Општинска организација Центар кои, за време на работилницата, осознаа повеќе за најчестите реакции на стрес, екстремен стрес и долгорочните последици од стрес, кои се различните механизми за справување со стресот, што значи потпомогнато справување и како да се вежба, како и кои се потенцијални причини заради кои се упатува одредено лице да побара професионална помош.
Интересот на младите за теми од областа на менталното здравје е огромен и е за поздрав.
Благодарност до предавачите за продуктивната работилница, која е од големо значење за волонтерите.




