септември 28, 2022

Работилница за комуникациски вештини

Врсничкиот едукатор од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар – Анастасија Горенчева, реализираше едукација на тема комуникација и комуникациски вештини, предвидена во рамките на Летната програма за млади, на ден 24.09.2022 година во периодот од 11:30 до 15 часот, на која беа присутни 6 волонтери од Општинска организација Центар.
За време на едукацијата, се дискутираше детално за што е комуникација, какви видови на комуникација постојат и преку практични примери, волонтерите се запознаа со основите на комуникацијата.
Беа спроведени две вежби за комуникација. На првата вежба, волонтерите беа поделени во парови. Секој пар беше седнат и свртен со грб и им беа дадени една слика и еден празен лист на секој од нив. Целта на вежбата беше паровите да искомуницираат еден со друг и успешно да ја завршат задачата која беше да ја нацртаат сликата без да ја видат. На втората вежба, волонтерите беа поделени во два тима. На едниот тим им беа заврзани очите, а на другиот тим, задачата им беше да ги водат другиот тим со цел да се најдат одредени предмети кои беа ставени на достапни места. Потешкотијата со оваа вежба беше тоа што оние кои даваа инструкции, беа лимитирани во однос на насоките кои смеат да ги дадат.
Вежбите беа интересни, но истовремено и корисни за развој на комуникациските вештини на волонтерите.
 
 
 
 
 
< врати се назад