мај 12, 2011

Работилница за запознавање со социјалните права на ЛКД

Идентификуваните потреби на ранливата популација (лица кои употребуваат дрога од Прилеп) се аплицираат преку ХР програмата. Од искуствената практика работејќи со оваа популација се наметна неопходната потреба за нивна успешна ресоцијализација, реинтеграција и подобрување и збогатување на персоналните карактеристики кај истите. Преку веќе стандардизираната група за самоподдршка, во која како што напоменавме веќе се работи на развојна групна динамика, персонален развој, јакнење на самодовербата и позитивните животни вештини се овозможува во континуитет размена на искуства, фидбек од позитивните животни сутуации и како ЛКД да се справат со животните проблеми, како подобро да се реинтегрираат во општествените текови, и подобрување на нивната социо-економска состојба, имајќи го во предвид фактот дека тие се лица со низок економски статус.
Со цел да им се овозможи директно запознавање со нивните социјални права и можности како да дојдат поефикасно до реализација на истите поканет беше Социјален работник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Зоран Малчески. На 06. 05. 2011 во просториите на О.О. Црвен крст Прилеп се реализира работилница за самоподдршка со стабилизирани клиенти кои го посетуваат Центарот во О.О. Црвен крст Прилеп за намалување на штети и директно преку интерактивни разговори со Социјалниот работник се дефинираа кои се нивните можности и права кои ги обезбедува државата за оваа целна група, а се со цел да се подобри нивната економска ситуација , со што непосредно ќе се влијае позитивно и врз нивната општествена инклузија и нивната самодоверба. Така програмата ХР се здоби со квалитативно нови содржини и дејности.

Идентификуваните потреби на ранливата популација (лица кои употребуваат дрога од Прилеп) се аплицираат преку ХР програмата. Од искуствената практика работејќи со оваа популација се наметна неопходната потреба за нивна успешна ресоцијализација, реинтеграција и подобрување и збогатување на персоналните карактеристики кај истите.

Преку веќе стандардизираната група за самоподдршка, во која како што напоменавме веќе се работи на развојна групна динамика, персонален развој, јакнење на самодовербата и позитивните животни вештини се овозможува во континуитет размена на искуства, фидбек од позитивните животни сутуации и како ЛКД да се справат со животните проблеми, како подобро да се реинтегрираат во општествените текови, и подобрување на нивната социо-економска состојба, имајќи го во предвид фактот дека тие се лица со низок економски статус. Со цел да им се овозможи директно запознавање со нивните социјални права и можности како да дојдат поефикасно до реализација на истите поканет беше Социјален работник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Зоран Малчески. На 06. 05. 2011 во просториите на О.О. Црвен крст Прилеп се реализира работилница за самоподдршка со стабилизирани клиенти кои го посетуваат Центарот во О.О. Црвен крст Прилеп за намалување на штети и директно преку интерактивни разговори со Социјалниот работник се дефинираа кои се нивните можности и права кои ги обезбедува државата за оваа целна група, а се со цел да се подобри нивната економска ситуација , со што непосредно ќе се влијае позитивно и врз нивната општествена инклузија и нивната самодоверба. Така програмата ХР се здоби со квалитативно нови содржини и дејности.

 

 

< врати се назад