декември 30, 2014

Работилница за заштита и самозаштита во случај на катастрофи

На барање на волонтерите од Клубот на Млади на ООЦК Центар, на 29.01.2015 година во просториите на ДХО Даре Џамбаз, со поддршка на Црвен крст на Република Македонија, поточно обучен волонтер од страна на Црвен крст на Република Македонија од областа на подготвеност и дејствување при катастрофи, а воедно и волонтер во Клубот на Млади на ООЦК Центар одржа едукативна работилница за заштита и самозаштита во случај на катастрофи каде што младинците беа запознаени со тоа што е катастрофа и како да реагираат, како да се заштитат од неа. Работилницата се одржа со цел подиганње на свеста и зајакнување на капацитетите на волонтерите од Клубот во делот со подготвеност и дејствување при катастрофи и адаптирање на ефектот на климатските промени кои се значаен фактор во оваа област. На работилницата исто така беше и презентирана работата на ЦКРМ, поточно работата на програмата за подготвеност и одговор при катастрофи, вклучувајќи го и намалувањето на ризикот и ефектот на катастрофите, преку практични примери и досегашни искуства. На работилницата беа присутни 18 волонтери.

< врати се назад