Работилници од проектот „Активности за намалување на ризици од несреќи (микрорегион Прилеп)“
По повод планираните активности од реализацијата на проектот „Активности за намалување на ризици од несреќи (микрорегион Прилеп)“ во просториите на ОО Црвен крст Прилеп беа реализирани две работилници од кои едната беше за обука за прва помош а другата за активности за намалување на ризици при несреќи и постапки и начини на дејствување во такви случаи.
Во работилниците учествуваа по две лица од сите училишта опфатени со овој проект и со нивната реализација се финализира втората фаза од планираните активности. Во наредниот период проектот продолжува со доопремување на училишните згради спрема зацртаните планови, како и реализација на практични обуки во училиштата за постапки и начини на дејствување при несреќи, по што ќе следува и една показна вежба пред институциите инволвирани во оваа проблематика.