
април 8, 2024
Работилница – Ден на здравје
На ден 06.04.2024 година, во Градски парк се одржа работилница на тема Денот на здравјето. На самата работилница учествуваа 13 волонтери и членови од Клуб на Млади ООЦК Центар.
Работилницата беше од информативен карактер и ги опфаќаше темите Ментално здравје и Физичко здравје.
Учесниците имаа можност да се запознаат со психологијата на боите и нивното значење, поврзаноста меѓу менталното и физичкото здравје, влијанието на емоциите врз физичкото здравје.


