мај 31, 2024

Работилница во природа

🌻Сегментот 5 од програмата на проектот Зелен волонтеризам, “Работилница во природа“, беше реализирана на 30.05.2024 со волонтерите од Клубот на млади на Општинска организација Центар.

🌎На самата работилница, волонтерите имаа можност да дискутираат за еколошките проблеми во нивната околина, загадениот воздух, високите температури и отпадоците фрлени на улиците, како теми кои создаваат бројни еколошки проблеми со кои се среќаваме секојдневно.

🌸Преку еко прашалник кој беше подготвен на работилницата произлегоа идеи за идни активности насочени кон подигнување на свеста за последиците по здравјето предизвикани од зголемената акумулација на отпад, загадувањето на водата, почвата, воздухот и глобалното затоплување.

💚Продолжуваме понатаму со нашите еко активности!

♻️Рециклирај често и живеј на чисто место

< врати се назад