јуни 7, 2022

„Радоста има глас“

Проектот во рамки на ЦКА-ПХВ циклусот на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар, кој го изработуваат младинците од ПСУ „Алгоритам Центар“ е посветен на дечињата кои се третираат во ЈЗУ Завод за рехабилитација за слух, говор и глас. Во Заводот се работи на развој на дечиња кои се со оштетен слух и дечиња со аутизам.
Со цел нивно активно вклучување во секојдневието и инклузија, младинците од ПСУ „Алгоритам Центар“ реализираат бројни активности.
Една од активностите беше реализирана на 06.06.2022 година, поконкретно волонтерите заедно со дечињата боеја, цртаа и се едуцираа токму преку дидактичкиот материјал кој, учениците преку собирна акција во нивното училиште, успеаја да го обезбедат и го донираа на ЈЗУ Завод за рехабилитација за слух, говор и глас.
Исто така, во текот на минатата недела беше реализирана и работилница за садење цвеќиња за разубавување на дворот на Заводот, во која активно учествуваа дечињата кои се третираат во оваа установа.
 
< врати се назад