мај 5, 2011

Реализација на активности од Акциониот план за деца со посебни потреби

Во првиот месец од реализацијата на Акциониот план поставените цели се остварени. Реализирана е предвидената активност заедничка креативна работилница.Работилницата е  по повод одбележувањето на “Денот на планетата земја” 22 Април кој беше дел од активностите на акциониот план на Општинската организација на Црвен крст Прилеп и Центарот за деца со посебни потреби поддржано од Комерцијална банка, по тој повод реализирана е заедничка работна акција за чистење на нивната околина, посадување дрвца, реконструкција и санирање на детскиот парк.

Извршена е набавка на опрема, бои, садници за доуредување на дворното место на Центарот ”Ѕуниѕа”, а покрај развивањето на здравиот дух со умерените физички активности се развиваше и креативниот капацитет на младите со уредувањето на екстериерот.
Активностите беа медиумски покриени, презентирани и на локалните медиуми ТВ Канал Визија и неделникот Деница како и регионалната телевизија Тера.

< врати се назад