
март 31, 2022
Реализирана и третата работилница за младинците кои се дел од ЦКА-ПХВ програмата
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 31.03.2022 во периодот од 11 до 12.30 часот, ја спроведе третата и последна официјална работилница за обука на младинците во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“. Секако, продолжуваме со континуирани состаноци за следење на работата и давање насоки на младинците.
На работилницата, која ја спроведе дисеминаторот Ангела Алексова, тема на обработка беше документирање на малите проекти. Младинците имаа можност преку примери од веќе реализирани проекти во минатото, да се запознаат со начинот на документирање на проектите, што сѐ е потребно да се подготви и која е временската рамка за поднесување на финалната документација.
По оваа работилница, претстои интересен период за сите младинци, а тоа е започнување со активности за подготовка, спроведување и реализација на малите проекти.
Со среќа!



