март 23, 2022

Реализирана првата работилница за младинците кои се дел од ЦКА-ПХВ програмата

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 22.03.2022 во периодот од 11 до 13 часот, ја спроведе првата работилница, од предвидените три, во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“. На работилницата учествуваа 20 младинци од средните училишта на територија на општина Центар. Дисеминаторот Ангела Алексова ја спроведе работилницата и ќе ги води и насочува младинците и понатаму, низ целиот циклус.
Младинците се запознаа со историјата, значењето и работата на Црвениот крст, што им овозможи подобро да ја запознаат организацијата и начинот на нејзино дејствување.
До крајот на месец март ќе се реализираат втората и третата работилница, по што, младинците ќе бидат подготвени да започнат со подготовка и спроведување на малите проекти.
 
< врати се назад