јуни 18, 2010

Реализирани активности

Едукативни работилници кај средношколската младина од општина Прилеп во соработка со Локалната самоуправа, средните општински училишта и Полициска станица Прилеп на тема Превенција од зависности и јакнење на животни вештини, заврши со успех, но почна вториот циклус на тема Превенција од насилство јакнење на самодовербата кај младиот човек, развој на комплетна личност. Опфатени беа сите 5 средни општински училишта со најпроблематичните класови, однапред детектирани од страна на педагошките служби од училиштата. Имплементацијата на овие активности ја реализираа обучени предавачи од Црвен крст Прилеп и Полициска станица.

Продолжува реализацијата од ЛАП за деца со посебни потреби во содејство со Дневниот центар за деца со посебни потреби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Црвен крст Прилеп. Овој неделен временски период во рамките на ЛАП беше исполнет со практични дејности – младите од Клубот на млади со вработените и децата од Центарот ја посетија зоолошката градина во Битола. Времето поминато во меѓусебното дружење резултираше со задоволство од сите страни акцентирајќи ја потребата за повеќе вакви активности кои ќе го збогатат слободното време на децата со посебни потреби.

Освен оваа прошетка во соседниот град, по повод Денот на згружвачките семејства во просториите на Црвениот крст се оддржа работилница на тема стрес и развивање комплетна личност во згрижувачки семејства. Овие две теми беа елаборирани и поддржани со соодветни техники и методи на релаксација, вежби и размена на искуства меѓу згрижувачите, лицата вработени во Дневниот центар и предавачите од Црвениот крст како и Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

 

< врати се назад