
ноември 30, 2021
Реализирани две обуки по Прва помош за екипата од ДУФК „Методи Митевски – Брицо“
На 30.11.2021 година во периодот од 9 до 11 часот во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ предавачите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираа две обуки со екипата по прва помош од ДУФК „Методи Митевски – Брицо“.
Со првата обука се опфатија аспекти од првата помош, како што претставува срцево-белодробно оживување, што е странична позиција и како се прави, се опфатија видовите гушење, што е Хајмлихов зафат и како да се реагира доколку некој добие астматичен напад.
За време на втората обука, учениците се информираа што треба да направат во случај на скршеници, изгореници и други повреди и кои материјали треба да ги употребат во таков случај. Особено внимание се обрна на начинот на запирање на крварење, за што имаа и практична вежба.
Тие ги споделија своите лични искуства на темите и објаснија како реалирале во дадениот момент на повреда, по што заеднички дојдоа до заклучоци дали постапиле правилно.




