февруари 7, 2020

Реализирани првата и втората ЦКА-ПХВ обука

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на 04.02.2020 и 05.02.2020, ги спроведе првата и втората обука од предвидените три обуки од програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“. На обуките учествуваа 33 младинци од средните училишта на територија на општина Центар. Дисеминатор на првата обука беше Андриана Марковска која понатаму ќе ги води и насочува младинците низ целиот циклус. Втората обука беше спроведена од ЦКА-ПХВ инструктори, а во текот на обуката беа присутни и менторите кои ќе ги следат младинците во целата нивна реализација на проектите. Младинците се запознаа со историјата, значењето и работата на Црвениот крст, како и начинот на кој ќе треба да ги подготвуваат и реализираат своите проекти. Претстои уште една обука, по што младинците ќе може да започнат со малите проекти. Им посакуваме успешна работа!

   

< врати се назад