
февруари 17, 2020
Реализирани трите ЦКА-ПХВ обуки и започнување на активностите
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 14.02.2020 година, ја спроведе третата обука од програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ на која младинците добија насоки како да ги документираат своите активности. Исто така, добија и ЦКА-ПХВ дневници во кои ќе ги забележуваат своите активности и волонтерски часови. Обука беше спроведена од страна на ЦКА-ПХВ дисеминаторот Андриана Марковска, а беа присутни и менторите кои ќе ги следат младинците во текот на реализација на проектите. Со завршувањето на трета обука, младинците веднаш започнаа со активности. Првата активност беше собирна акција во ТЦ “Веро Центар“ која се одржа на 15.02.2020.