Реализирање на активности од ЛАП за деца со посебни потреби
Општинската организација на Црвен крст Прилеп од месец Септември продолжи со реализирање на активностите од Локалниот акционен план за деца со посебни потреби поддржани од Комерцијална банка АД Скопје. Во овој период од годината според планот т.е од месец Септември почнаа да се вршат посети на згрижувачки семејства кои имаат згрижено едно или повеќе деца. Тимот кој што ги врши овие посети е составен од: психолог- волонтер на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, медицинско лице- волонтер на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, социјален работник- волонтер од Центар за социјални грижи.
При првичните посети се овозможи едно скенирање на теренот односно ситуацијата во која се наоѓаат згрижувачките семејства. Понатаму следеше и втора посета при која беа утврдувани различните потреби и проблеми со кои се соочуваат овие семејства како што се социјална ексклузија, економска и социјална поддршка, едукација за техники за ефикасно учење, прва помош во семејни услови со посебен акцент на епилептични напади. Во текот на овие посети се опфатени 22 семејства и 35 згрижени лица. При посетите, стручните лица од свој аспект ја анализираат ситуацијата во која се наоѓаат децата и по потреба даваа совети на згрижувачите како да се надминат идентификуваните потешкотии. При третата посета од страна на Општинската организација донирани се алишта, играчки, постелнини во оние семејства каде што е регистрирана потреба за таква донација. Тука се и волонтерите од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп, кои ги реализираа креативните работилници со целната група. Возрасната граница на згрижените лица се движи од 5 до 26 години. Општинската организација на Црвен крст Прилеп , заедно со донаторот на овие активности – Комерцијална банка учествуваат во континуитет во текот на целата година со различни активности поврзани со оваа целна група.