
Регионален натпревар по прва помош
На ден 17.05 2025 година, се одржа вториот Регионален натпревар по Прва помош за категорија младина.
Голема беше честа и задоволството Општинска организација – Центар да биде домаќин на овој многу важен настан на кој учество зедоа 14 екипи и истиот беше под покровителство на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Натпреварот се одржа во дворот на ООУ ” Димитар Миладинов” каде што беа поставени базите за натпреварувачите.
Бројот на гостите, волонтерите, членовите и сите оние кои дадоа поддршка на овој важен настан беше навистина голем и значителен за нас како организатори.
Би сакале да изразиме голема благодарност до нашите донатори Мак Прогрес, Скопска Пивара, Виталиа кои со своите донации го поддржаа овој настан.
Радоста беше двојно поголема кога екипата на Општинска организација – Центар го освои првото место , младите уште еднаш докажаа и покажаа дека со вложен труд, знаење, борбеност и посветеност може да се постигнат сите цели.
Им благодариме на сите Oпштински организации за учеството, дружењето и позитивната енергија која ја донесоа и приредија одлична атмосфера и дружење.







