Регионална средба
По повод Меѓународниот ден на млади 12-ти Август, а со цел зајакнување на соработката, во ООЦК Крушево беше реализирана заедничка средба на клубовите на млади од Општинската организација на Црвен крст Прилеп и Општинската организација на Црвен крст Крушево. На оваа средба волонтерите од клубовите разговараа за мотвацијата и активностите на Црвениот крст, но исто така се запознаа подобро меѓу себе, споделија и разменија искуства како млади волонтери. Во текот на посетата беа организирани две вежби за тимска работа, каде што волонтерите го дадоа својот максимум и успешно и лесно ги поминаа вежбите.
На средбата се разговараше и за областите на кои е можна соработка помеѓу овие клубови на млади, и се истакна потребата од регионализација на обуки за создавање на човечки капацитети за реализација на различни активности кои ги организираат младите. Во текот на посетата се чувствуваше црвенокрсташкиот дух и позитивната енергија – карактеристични за нашата организација. Во иднина овие посети ќе продолжат од двете страни со цел зајакнување на капацитетите на млади и реализирање на заеднички активности, како и задоволување на потребите и проблемите со кои се соочува ранливото население во регионот.