февруари 26, 2022

Ревијална трка по повод Недела на борба против срцево-садови заболувања

Саботниот сончев ден го посветивме на борбата против срцево-садовите заболувања. Во Градскот Парк на тартан-патеката од 1000 метри, беше реализирана ревијална трка во која земаа учество вкупно 60 учесници, меѓу кои членови на 091 RUNCrW, ученици од Алгоритам Центар, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар.

Трката започна во 11 часот, а учесниците истрчаа 2000 метри. Возрасни, деца, професионалци и аматери, сите беа победници на трката.

Во исто време, членови на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација Скопје мереа крвен притисок и индекс на телесна маса.

Целта на настанот беше да допреме до граѓаните и да им укажеме на важноста на срцево-садовите заболувања и да внимаваат на своето здравје.

Благодарност до сите вклучени во настанот, навистина беше огромно уживање!

 

 

< врати се назад