ноември 27, 2024

Роденденска прослава на Клубот на Млади Општинска организација Центар

Како и секоја година Клубот на млади Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар го прослави својот 14ти роденден. Оваа година Клубот на млади одлучи да го прослави својот роденден со тим билдинг во куглана.

Присутните волонтери и членови заедно со лидерот и заменик лидерот на Клубот на млади, имаа можност низ неформално дружење да ги истакнат своите видувања за минати активности и акции со кои директно и индиректно помогнавме на лица на кои помош и поддршка им беше потребна. Настанот се искористи и да се дадат идеи и предлози за нови активности кои би можеле да се реализираат во новата година а со тоа да се унапреди работата на Клубот на млади и на Црвениот крст воопшто.

< врати се назад