
ноември 21, 2023
Роденденска прослава на Клубот на Млади при ООЦК-Центар
Волонтерите од Клубот на Млади на Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска Организација – Центар, на ден 16.11.2023година со почеток во 19:00 часот, заедно го прославија 13ти-от роденден на Клубот на Млади. Роденденската забава се прослави во билијард клуб – Зар-Дар и присуствуваа 17 волонтери. Се дискутираше и на темата тековни и идни активности, како и волонтерскиот ангажман на присутните волонтери.