април 10, 2022

“RUN VOLUNTEER RUN” – Учество на волонтерки од Клубот на млади на Авицена Женска Трка

Денес, волонтерки од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, се вклучија и тимски учествуваа на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА, која започна во 9 часот и беше во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје.
Старт и цел на трката беше паркингот во Градскиот Парк кој се наоѓа во близина на Ресторан Балканика Рустикана, а учесниците истрчаа еден круг од 3 км во Градскиот Парк.
И покрај дождливото време, волонтерките со сета своја посветеност успешно ја завршија трката.
 
Честитки девојки! 👏
 
< врати се назад