
“Сакам да славам роденден во Црвен крст“
Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар организираше забава по повод роденденот на еден наш млад член во организацијата. Во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ беше направена роденденска забава со многу интересни активности кои беа спроведени од страна на волонтерите.
Убаво е да се биде иновативен, креативен и различен, па славеникот одлучи дека токму во Црвениот крст сака да го прослави својот роденден, преку различни активности кои подразбираат тимска работа.
Другарчињата на славеникот се запознаа и со Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина и што сѐ прават младите волонтери за време на активностите.
Ти посакуваме среќен роденден и многу убави моменти поминати во Црвениот крст 🎁