
октомври 17, 2023
Сандачиња по Прва помош за ДСУ за рехабилитација и образование “Св. Наум Охридски”
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 16.10.2023 година обезбеди 11 сандачиња со материјали по Прва помош за ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Сандачињата во текот на денот беа поставени во училниците и работилниците во училиштето.
Продолжуваме со заедничките активности.




