април 16, 2021

Сандачиња по прва помош за училиштата

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и понатаму продолжува со одличната соработка со училиштата на територија на општина Центар, овојпат преку обезбедување сандачиња по прва помош со сите потребни материјали според стандардите. Обезбедени се 16 сандачиња за ООУ “Киро Глигоров“, 10 за СУГС “Раде Јовчевски Корчагин“, 10 за СУГС “Јосип Броз Тито“ и 5 сандачиња за ПСУ “Алгоритам“. Продолжуваме и понатаму со продлабочување на соработката со сите образовни институции во општина Центар.

 

< врати се назад