Се грижиме за топол дом
Општинската организација на Црвен крст Прилеп активно ги следи потребите и проблемите на ранливото население и претставува сериозен партнер за соработка на останатите институции на системот кои работат на полето на социјални проблеми на населението. Црвен крст Прилеп соработува со Меѓуопштинскиот центар за социјални грижи Прилеп и е во постојана координација за помош на терен.
Петчленото семејство Петровски од долненското село Вранче со години живее во субстандардни услови, во кое дури две од децата се сериозни пречки во психо-физичкиот развој, дванаесет-годишниот Ивица, не може ниту да оди, ниту да зборува и 17-годишниот Даниел, кој исто така има пречки во психичкиот развој , додека најмалиот Горан е второ одделение но не посетува училиште бидејќи нема школски прибор. На 09.09.2013 година во склоп на проектот на Министерството за труд и социјална политика ,,Се грижиме за топол дом” се изврши донација на ова семејство при што Црвен крст Прилеп донираше облека, храна и хигиенски пакет заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на Долнени, Боше Милошески и службите од МЦСР – Прилеп кои донираа инвалидска количка, храна, облека, школски прибор и пари. Таткото Златко и мајката Јасмина, задоволни од укажаната грижа на надлежните, велат дека сега, колку-толку полесно ќе се справуваат со сиромаштијата и со болестите на нивните деца.