
март 10, 2023
Седница на Собранието на Општинска организација Центар
Во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ на ден 09.03.2023 година со почеток во 18 часот се одржа редовна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.
На седницата беше презентиран Годишниот извештај за работата на Општинска организација Центар за 2022 година.
Присутни беа 12 претставници од основните организации на Црвен крст кои се членови на Собранието, а ја имавме честа да присуствува Претседателот на Националното Друштво на Црвен крст на РСМ – проф. д-р Ромел Велев, како и Александра Ристовски – претставник од стручната служба на Црвен крст на град Скопје.
Како гости на Собранието присуствуваа и 10 волонтери од Клубот на млади на Општинска организација Центар.
Благодариме на сите присутни за одвоеното време.







