Семинар на Клубот на млади по повод „Неделата на младите“
Знаејќи дека младите се движечката сила на повеќето теренски активности кои што ги обавува Црвен крст, и по повод неделата на млади која се одбележува во првата недела од Октомври, Клубот на млади при ООЦК Прилеп организираше семинар за членовите кој се одржа на 01-ви и 2-ри Октомври 2011 година.
Семинарот беше од едукативно- забавен карактер со доста интересни теми кои што и всушност се теми за дисемнација која што Клубот на млади ја врши. Во состав на овој семинар беа теми како што се СПИ со акцент на ХИВ/ СИДА, Врсничко насилство, Теам буилдинг . За повеќето од членовите ова е всушност и прв семинар на кој присуствувале така што ова беше одлична можност да присуствуваат на заедничко дружење. Исто така овој семинар имаше за цел да се зацврсне конекцијата меѓу волонтерите се со цел да се почувствуваат како едно семејство , еден тим. Со овој семинар ќе се подигне тимскиот дух и ефикасноста на клубот при спроведување на хуманитарните акции и изработка на микропроекти . Ефектите од семинарот ги надминаа очекувањата, а мотивацијата и задоволството на волонтерите беа очигледни. Семинарот помина доста брзо благодарение на креативноста на волонтерите. Ова е само еден од начините на кој ООЦК Прилеп ги зајакнува и внатрешните капацитети кои што претставуваат и клучен фактор за понатамошиот развој на организацијата.