Серија на едукации ,,Сакам да знам за моето сексуално и репродуктивно здравје”
Како резултат на неинформираноста на младата популација на темата сексуално и репродуктивно здравје и табу темите кои ги опфаќа оваа област во последниот период, се почести се појавите на несакана бременост како и зголемениот број на инфицирани ХИВ лица. Со цел да се влијае врз овој проблем Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Прилеп реализира серија на едукации во средните училишта во градот преку свои пеер едукатори на оваа област.
Една од овие едукации е спроведена и во средното училиште ,,Ристе Ристески Ричко” каде што постои огромна заинтересираност на овој вид на едукации како од учениците така и од наставниот кадар. На 18.11.2013 година 20 ученици имаа можност да учествуваат на едукацијата за сексуално и репродуктивно здравје и да разговараат за сегментите кои ги опфаќа оваа тема. На оваа едукација се стави акцент на контрацепција и планирање на семејство и се остави простор за наредна едукација која пошироко би ги опфатила и другите елементи од оваа област.