март 7, 2025

Сите заедно ЖИВЕЕМЕ затоа што ГЛЕДАМЕ ЛУЃЕ!

Хуманоста по дефиниција и во најширока смисла на зборот е љубов кон човекот, која опфаќа широк спектар на филозофски правци кои го афирмираат достоинството и вредноста на човекот, на луѓето.

Хуманоста е дел и од големата мисија на Меѓународниот Црвениот крст, но и на нашиот, на Црвениот крст на Република Северна Македонија кој е формиран на 17 март 1945 година и оваа година одбележува 80 години постоење.

По тој повод Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Центар, организираше локален настан на 06.03.2025 година, во *Порта Македонија-Галерија*, на кој Генералниот Секретар на Црвен крст на Република, г-дина Саит Саити додели јубилејно признание за општина Центар на Градоначалникот г-дин Горан Герасимовски. Како граѓани на општина Центар, каде се наоѓа и нашата општинска организација имаме обврска и дожност да бидеме високо на пиедесталот на хуманоста. Но, без соработката со локалната самоуправа, тешко ќе се искачуваме до хуманитарните врвови. Во тие чинови на човекољубие и „гледање на луѓето“ имаме огромна поддршка од градоначалникот на општина Центар – Горан Герасимовски.

На горниот спрат од прекрасниот амбиент на салата во *Порта Македонија-Галерија* можеше да се погледне изложбата која вработените и волонтерите на општинската организација Центар ја создадоа по повод големиот јубилеј на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Се состои од 6 паноа на кои преку фото нарација се прикажани активностите на нашата општинска организација низ времето, низ годините. Изложбата содржи и признанија, пехари и предмети кои се составен дел од работата на сите чинители на активниот живот на општинската организација.

Голема благодарност до сите волонтери, членови и поддржувачи кои не удостоија со своето присуство на овој за нас значаен настан

< врати се назад