октомври 6, 2020

Скопски маратон 2020

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар во соработка со Црвен крст на град Скопје се вклучи во поддршка на Скопскиот маратон кој се одржа на 04.10.2020 година. На терен излегоа 20 волонтери од Општинска организација Центар кои беа поставени на водените станици и им делеа освежување на маратонците. Активноста помина во одличен ред и се одвиваше согласно препораките за заштита на сите кои беа дел од маратонот.

 

< врати се назад