ноември 14, 2013

Со едукација до подобра заштита

Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп активно се вклучува во одбележувањето на месец Ноември како месец посветен на превенцијата од зависности. Целната група се младата популација во градот која е ранлива на пороците кои го демнат нашето опшество.

Во планираните активности се и едукациите за превенција од зависности кои се земени во фокусот затоа што преку овие едукации младите дознаваат како да се заштитат од зависностите со тоа што понатаму тие ги шират нивните знаења на врсниците, при што се постигнува доста ефикасна заштита и информирање на оваа целна група. Ваква едукација се реализираше и во просториите на Општинската организација на Црвен крст Прилеп наменета за волонтерите, кои што понатаму ќе ги пренесуваат информациите кои ги добија на оваа интерактивна работилница која изобилуваше со интерактивност. На работилницата присуствуваа 30 волонтери, а истата ја одржа психолог кој има доста богато искуство во областа на зависностите. Општинската организација на Црвен крст Прилеп постојано работи на ова поле и е препознатлив лидер во регионот.

 

< врати се назад