март 11, 2013

Со креативност до хуманост

Одржувањето на обичаите и традицијата претставува сржта за зачувување на идентитетот на секое општество. Имајќи го во предвид обичајот на плетење на мартинки за 1-ви Март, волонтерите од ПХВ програмата заедно со Клубот на млади одлучија да изработат мартинки за да останат верни на традицијата и притоа да извршат нивнна продажба по скромна цена со цел да се соберат парични средства кои ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Изработката на мартинките траеше цела недела пред 1-ви Март додека пак продажбата беше реализирана на 1-ви Март.

Волонтерите во ПХВ програмата, а воедно и волонтерите во Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст настојуваат секоја хуманитарна активност да биде реализирана со помош на нивната креативност, односно мотото на секој волонтер е – ,,Со креативност до хуманост’’. Ваквите активности ќе продолжат и во иднина затоа што ја зголемуваат промоцијата на Црвениот крст помеѓу населението но исто така претставуваат продуктивен и ефикасен начин за собирање на средства на оние на кои им е најпотребно.

Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Прилеп продолжуваат со својата волонтерска работа и посветеност на визијата и мисијата на Црвениот крст на Република Македонија со цел да се одговори на проблемите и потребите на ранливото население.

< врати се назад