септември 24, 2019

„Со тебе под еден чадор да се стиснам, да сум среќен иако на пола киснам…“

Во пресрет на одбележување на ЦКА-ПХВ неделата, Клубот на млади при Општинската организација Центар заедно со младинците кои ги изработија проектите во текот на ЦКА-ПХВ циклусот, направија работилница на која изработија транспаренти наменети за претстојното ПХВ дефиле кое ќе се одржи на 25.09.2019 и добија благодарници за успешно изработен проект во ЦКА-ПХВ програмата.

 

Инспирација за изработка на транспарентите им беа проектите кои сами ги направија во текот на ЦКА-ПХВ циклусот. Работилницата се спроведе во Ресторан Umbrella во Градскиот Трговски Центар и во неа учествуваа и вработените во ресторанот. Наша целна група за спроведување на оваа работилница беа токму вработените во Ресторанот Амбрела кои се лица со попреченост.

Работилницата имаше одличен успех и со нетрпение го очекуваме дефилето под слоганот “Дефилирај – не се фолирај!“ на коешто повторно ќе ни се приклучи персоналот на ресторанот Амбрела.

< врати се назад