ноември 14, 2022

Собирна акција во рамки на кампањата „Помислете и на нас“

Под мотото “Помислете и на нас” и оваа сабота (12.11.2022 година) во Веро Центар, 12 волонтери од Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар излегоа на терен во периодот од 11 до 17 часот и спроведоа собирна акција.
Кампањата „Помислете и на нас“ започна кон средината на месец октомври и има за цел да се обезбедат доволно средства и количини храна за да се пружи помош на најранливите граѓани.
Голема благодарност до Веро Центар за поддршката на нашите хуманитарни активности.
< врати се назад